Дома Останати Ракомет Комична сцена во Куманово: Ракометар на Тиквеш го нокаутира судијата!

Комична сцена во Куманово: Ракометар на Тиквеш го нокаутира судијата!

Ракометниот дуел меѓу Куманово и Тиквеш (27-28) понуди вистинска драма, но овојпат не само на теренот, туку и надвор од вообичаените рамки на играта. Во натпревар исполнет со атрактивни потези и силни удари, се случи сцена каква ретко се гледа – еден од судиите заврши „нокаутиран“.

Во првото полувреме, ракометарот на Тиквеш, Богдан Мијушковиќ, испрати силен шут кон голот во обид да ја намали предноста на Куманово (7-3), но топката, наместо во мрежата, заврши право во градите на битолскиот судија Методија Илиевски. Ударот беше толку силен што судијата остана без здив и мораше кратко време да се опорави пред да го продолжи натпреварот.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


По кусата пауза, Илиевски успеа да се врати на теренот и да го доврши мечот заедно со својот брат и колега Михајло. Додека судиската двојка храбро ја заврши задачата, кавадарчани направија голем пресврт и со борбена игра стигнаа до целосен триумф.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Ракомет

Проверете

Бундеслигаш испратил понуда за најдобриот ракометар на Вардар!

Дмитро Хориха и во втората сезона по ред се наметнува како еден од клучните ракометари во …