Дома Фудбал Ван Бастен бесен поради ситуацијата од 91. минута на мечот на Барса (Видео)

Ван Бастен бесен поради ситуацијата од 91. минута на мечот на Барса (Видео)

Фудбалската легенда Марко ван Бастен жестоко ги критикуваше судиите по драматичниот натпревар во Лигата на шампионите во кој Клуб Бриж во судиското продолжение остана без победничкиот гол против Барселона.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Холанѓанецот тврди дека белгискиот тим бил „ограбен“ откако ВАР го поништи голот за 4:3. Натпреварот заврши со резултат 3:3, што ја остави Барселона на 11. место на вкупната табела.

Погледнете ја спорната ситуација во приложеното видео од 11:14 минути.

Изгледаше дека Клуб Бриж стигна до изненадувачка победа кога Ромео Вермант во судиското продолжение погоди за 4:3. Сепак, славењето на домашните беше прекинато по долгата ВАР проверка, а голот беше поништен поради прекршокот на Вермант врз голманот на Барселона Војчех Шчесни.

Одлуката го разгневи легендата на Милан и холандскиот фудбал, Марко ван Бастен, кој во програмата на холандската телевизија го изнесе своето мислење. „Клуб Бриж е ограбен. Голот за 4:3 требаше да биде признаен. Не го фаулираше Шчесни, дури не го ни допре. Шчесни направи да изгледа како прекршок, но не беше“, извика тројниот освојувач на Златната топка.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

ФИФА се огласи поради фотографијата од празната трибина (Фото)

Изгледа дека на натпреварот Јужна Кореја – Чешка немаше 44.985 гледачи како што ФИФА…