Данскиот репрезентативец, Никлас Бендтнер, популарно познат како Лорд Бендтнер, во свој стил го прослави пласманот на својата селекција на Светското првенство.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
По завршувањето на натпреварот во Даблин, каде што Данска на крилјата на Ериксен ја победи Ирска со 5:1, настапи голема прослава на фудбалерите на оваа селекција која започна на теренот, а продолжи во соблекувалната.
Не најдобриот, но сигурно најинтересниот дански играч, Никлас Бендтнер сними дел од атмосферата од соблекувалната на својот тим, се разбира со пиво. Бендтнер имаше уште една причина за да слави. Во 90. минута погоди од пенал за конечни 5:1, што беше негов прв гол за Данска по долго време.