
Во едно од највозбудливите кола во последните сезони, второлигашите приредија вистинска голеада – вкупно 38 гола беа постигнати во рамките на осумте меча од 11. коло, што е речиси пет по натпревар.
Најубедлив триумф запиша Беласица, која на домашен терен го декласира Вардар Неготино со неверојатни 8-1. Не помина подобро ниту Победа – кавадарчани беа „прегазени“ во Кочани, каде Осогово славеше со убедливи 6-0.
Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст
Фаворитите од врвот на табелата ги оправдаа очекувањата. Брегалница беше подобра на гости кај Слога Виница со 4-2, а возбудлива завршница имаше и во Охрид, каде домаќините со 4-3 славеа против Тетекс.
Шкендија Арачиново на теренот во Сингелиќ без поголеми проблеми го совлада Кожуф со 2-0, додека Каменица Саса од гостувањето кај Големо Коњари се враќа со сигурна победа од 3-1.
Скопје ја искористи домашната предност и ја совлада Преспа со 2-0, а единственото реми во ова коло го одиграа Детонит Плачковица и Новаци – натпреварот заврши 1-1.
ВМФЛ 11. КОЛО:
Беласица – Вардар Неготино 8-1
Деетонит Плачковица – Новаци 1-1
Скопје – Преспа 2-0
Големо Коњари – Каменица Саса 1-3
Охрид – Тетекс 4-3
Осогово – Победа 6-0
Слога Виница – Брегалица 2-4
Шкендија Арачиново – Кожуф 2-0