Дома Фудбал Ендрик го напушта Реал Мадрид – познат е неговиот следен клуб!?

Ендрик го напушта Реал Мадрид – познат е неговиот следен клуб!?

Бразилскиот напаѓач на Реал Мадрид, Ендрик (19), е подготвен за привремено напуштање на клубот откако не успеа да го импресионира тренерот Хаби Алонсо. Иако се поврзуваше со позајмица во Премиер лигата, каде интерес пројавија Манчестер Јунајтед и Астон Вила, 19-годишниот играч најверојатно ќе ја продолжи кариерата во францускиот Лион, пишува Goal.com.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Ендрик се врати на теренот минатиот викенд по петмесечна пауза поради повреда, одиграјќи неколку минути во високата победа на Реал против Валенсија. Сепак, изгледа дека неговиот статус на Сантјаго Бернабеу не се променил. Според информациите на Фабрицио Романо, Реал Мадрид ги финализира деталите за краткорочната позајмица во Лион.

Преговорите се во напредна фаза и само неочекуван пресврт може да го спречи трансферот. Ендрик би требало да помине шест месеци во Франција, а клучен детал во договорот е отсуството на опција за откуп на договорот. Тоа беше причина поради која Манчестер Јунајтед и Астон Вила се откажаа од неговото доведување, бидејќи англиските клубови инсистираа на таа клаузула, како што наведува ESPN Brasil.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Халанд никогаш нема да биде капитен на Сити додека е Мареска тренер, Италијанецот објасни и зошто

Ерлинг Халанд нема да биде капитен во екипата на Манчестер Сити се додека Енцо Мареска е н…