Дома Фудбал Изненадување: Македонец ќе биде нов тренер на Партизан?!

Изненадување: Македонец ќе биде нов тренер на Партизан?!

После поразот од Мачва во Купот на Србија и од Чукарички во Супер лигата, Партизан го замени тренерот Срѓан Благојевиќ.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Црно-белите, само еден ден по поразот на Баново брдо, најавија разделба со Благојевиќ, а клубот сега до паузата за репрезентативни активности ќе го води дуото Марко Јовановиќ – Ѓорѓије Ќетковиќ.

Веќе се појавија информации кој би можел да седне на тренерската позиција на тимот од Хумска, од Црна Гора пристигнуваат вести дека кандидат за оваа улога е Виктор Треневски.

Во Србија тој можеби не е толку познат стручен кадар и нема впечатлива кариера, но сепак, го поврзуваат со Партизан.

Треневски ја започна својата тренерска кариера во Словенија, каде што ги водеше Малечник, а потоа Вержеј и Заврч, за подоцна да премине во Црна Гора, каде што го тренираше Дечиќ.

Треневски кој е роден во Скопје и има 53 години, бил и на чело на екипите на Работнички, Ком, Драва од Птуј, Грбал и Партизан од Бар./p>

Порталот „cgfudbal“ истакнува дека Треневски оваа лето бил блиску до тренерското место на Будуќност, познат е по работа со млади и талентирани фудбалери кои подоцна напредувале во исклучителни играчи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

(Видео) Ѕвездите на ПСЖ беа пречекани со жестока порака во Минхен

Минхен вечерва гори и Алијанц Арена е подготвена за спектакл каков што ретко се гледа, бид…