Дома Фудбал Новиот тренер на Јувентус ги налути навивачите поради тетоважа (Фото)

Новиот тренер на Јувентус ги налути навивачите поради тетоважа (Фото)

Лучано Спалети е новиот тренер на Јувентус, потврди клубот на својата официјална страница. Италијанскиот стратег го наследи хрватскиот тренер Игoр Тудор на оваа функција и потпиша договор до 30 јуни 2026 година, со можност за автоматско продолжување во случај на пласман во Лигата на шампионите.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Италијанскиот тренер ќе треба да ја прикрие тетоважата на ривалот на Јувентус, Наполи, која си ја направи на раката откако со тој клуб ја освои титулата шампион во 2023 година.

Тоа беше првата титула шампион на Италија во кариерата на 66-годишниот стратег, па на овој начин ја одбележа. Како што пишува Тутомеркатовеб, дел од навивачите на Јувентус му порачаа да ја отстрани тетоважата ако планира да го тренира нивниот клуб.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Роналдо одговори на провокациите од навивачите на Ал-Ахли (Видео)

Кристијано Роналдо повторно беше во центарот на вниманието, не само поради своите фудбалск…