Дома Фудбал Уште еден фудбалер на Беса исфрлен од фудбалот!

Уште еден фудбалер на Беса исфрлен од фудбалот!

Дисциплинската комисија во рамки на ФФМ, информира дека по обезбедувањето на нов доказен видео материјал во дисциплинската постапка против ФК Беса Слупчане, а поради направениот инцидент на одиграниот натпревар ФК Беса – ФК Аеродром 2018, натпревар од 8. коло од Трета лига – Север, утврдено е дека во инцидентот учествувал и домашниот фудбалер, Бехар Демири.

Против наведениот играч ќе биде изречена дисциплинска санкција – исклучување од фудбалската организација (доживотна суспензија).

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Дисциплинскиот комесар на Трета лига – север ги повикува сите лица кои располагаат со видео или друг релевантен доказен материјал поврзан со инцидентот, истиот да го достават за потребите на дисциплинската постапка.

Фудбалската федерација на Македонија повторно најостро го осудува секој облик на насилство на спортските терени и ќе продолжи со бескомпромисна примена на дисциплинските прописи, со цел заштита на интегритетот на натпреварите и безбедноста на сите учесници во фудбалот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Реал Мадрид обезбедил ново засилување!

19-годишниот талент и играч од средниот ред, Манекс Резола, кој досега играше за шпанскиот…