
Тренерот на фудбалерите на Ливерпул Арне Слот делуваше како некој кој бара изговори по елиминацијата од Кристал Палас во осмина финалето на Карабао купот.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Ливерпул вчера вечер беше поразен на „Енфилд“ со резултат 0:3, што го прави шестиот пораз во последните седум натпревари. Сепак, играше вториот, трет состав составен од академци, но не покажаа ништо на теренот и дваесетина минути пред крајот „Енфилд“ почна да се празни. Тоа е јасен сигнал дека е потребна реакција и дека навивачите го губат трпението.
Зошто Слот одлучи да ги изостави повеќето првотимци од овој натпревар?
„Сметав дека тоа е правилната одлука и не го променив мислењето. Направив нешто слично и минатата година во вакви рунди. Постојат многу причини зошто изгубивме пет од шест или шест од седум натпревари. Ниедна од нив не е доволно добра за да ги прифатиме толку многу порази.
Дури и нашите стартери би имале проблем да најдат добар резултат против Палас”, изјави Холанѓанецот.
Тој став не е сосема точен, бидејќи Ливерпул минатата сезона играше со Коди Гакпо, Луис Диаз, Доминик Собослај и Енди Робертсон против Брајтон, додека од клупата влегоа Мо Салах, Дарвин Нуњез, Ибрахима Конате, Алексис Макалистер… Немаше толку многу тинејџери.
„Ги видов стартните 11 на Сити и тие немаа ниеден стартер од викенд натпреварот, но се чувствуваше како да е тоа нивниот најдобар тим. Тоа е голема разлика. Челси може да го внесе Естевао. Денес, дури иако направив две промени, имавме шест тинејџери.
Нашиот тим можеби не е толку голем колку што луѓето мислат дека е. Овој клуб отсекогаш го користел Лига купот за да им даде шанса на играчите од академијата. Не се промени ништо”, забележа тој.