Шпанските медиуми пренесуваат дека Барселона спрема трансфер „бомба“ и е сака да му ги расипе плановите на најголемиот ривал, Реал Мадрид.
Имено, не е тајна дека Реал Мадрид веќе подолго време е заинтересиран за младата ѕвезда на Тотенхем, Деле Али.
Деле Али е еден од најголемите светски таленти и сигурно претставува иднина на англискиот фудбал. Во последните години се етаблираше како еден од најдобрите играчи за врска во светот, а медиумите долго време го поврзуваат со Реал Мадрид.
Меѓутоа, „Дон Балон“ тврди дека сега во трката за неговиот потпис се вклучила и Барселона. Медиумот тврди дека Лео Меси лично го советувал раководството на Барса да се обиде да го донесе Англичанецот на „Камп Ноу“.
Меси смета дека Деле Али ќе биде идеална замена за Андрес Иниеста и би сакал да игра заедно со него во ист тим.
Од друга страна раководството на Барселона веќе ги утврди двете трансфер цели, тоа се Антоан Гризман и Филипе Кутињо, па Али би можел да дојде само доколку пропадне некој од наведените трансфери.