Дома Моторспорт (Видео) Драма во Ф1: Лосон за малку ќе ги прегазеше редарите за време на трката

(Видео) Драма во Ф1: Лосон за малку ќе ги прегазеше редарите за време на трката

Голем инцидент можеше да се случи за време на Големата награда на Мексико, но за среќа возачот на Рејсинг Бул Лијам Лосон одлично реагираше и трагедијата беше избегната.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Сѐ се случи откако возачот се врати на патеката од боксот, кога на сред патека се најдоа редарите кои собираа делови од болидите што беа расфрлани по бројните контакти на почетокот на трката.

Од тимот го предупредија Лосон дека во првиот дел од патеката го чекаат двојни жолти знамиња и дека треба да внимава на деловите од болидите, по што набргу налетал на редарите.

„О боже мој, дали се шегувате? Видовте ли ова? Можев да ги убијам“, изјави Лосон во пораката до неговиот тим.

.
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Моторспорт

Проверете

Хаос и лудница во Монако, Леклер се заби во ѕид – Антонели испиша историја!

Деветнаесетгодишниот Кими Антонели стигна до победа на Гран при на Монако во болидот на Ме…