
Младиот Шпанец блеска по враќањето од повредата и подготвен е во Ел Класико да заокружи недела од соништа.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Фермин Лопез во последните неколку дена стана едно од главните имиња во Барселона.
Младиот играч од средниот ред воодушеви во натпреварот против Олимпијакос, каде постигна хет-трик и го водеше својот тим до победа.
Натпреварот се одигра само неколку дена по неговото враќање на теренот, по речиси еден месец пауза поради повредата.
Сега, пред „Ел Класико“ против Реал на Сантјаго Бернабеу, Фермин сака да заокружи совршена недела.