Дома Фудбал Фернандеш: Ал Хилал ми нудеше еден куп пари, но мојот сон беше да освојувам пехари со Јунајтед

Фернандеш: Ал Хилал ми нудеше еден куп пари, но мојот сон беше да освојувам пехари со Јунајтед

Бруно Фернандеш, откри дека навистина добил примамлива понуда од Саудиска Арабија, конкретно од клубот Ал Хилал, кој сакал да го доведе во своите редови.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Според неговите зборови, понудата била навистина голема – и за него лично, и за клубот од „Олд Трафорд“, кој би инкасирал меѓу 80 и 100 милиони евра. Сепак, Португалецот одлучил да ја одбие можноста за трансфер и да остане дел од Манчестер јунајтед.

„Финансиски гледано, сè беше фантастично – огромна плата и официјална понуда од Ал Хилал, како и уште неколку други тимови. Но, мојот одговор беше јасен – не. Разговарав со Рубен Аморим, кој ми рече дека смета на мене, а јас сè уште имам недостигнати цели. Сакам да освојувам титули со Јунајтед“, изјави Фернандеш.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

„Момчето е измамник“: Клубот бара 150 милиони евра, а тој не испрати удар кон голот за време на СП!

Младата ѕвезда Јан Диоманде има разочарувачки настап на Светското првенство. Овој 19-годиш…