Дома Топ вести Распродажба во Париз: Четворица „светци“ по дисконтна цена

Распродажба во Париз: Четворица „светци“ по дисконтна цена

Фудбалскиот клуб Пари Сент Жермен одлучи во јануари да продаде неколку фудбалери со цел да ги исполни параметрите на Финансискиот фер-плеј пропишани од УЕФА.

ПСЖ е под истрага на УЕФА поради трансферите на Нејмар и Мбапе минатото лето, па поради тоа оваа зима ќе мора да продаде некоја од своите ѕвезди.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Од порано е познато дека прв на листата е Анхел ди Марија кој падна во втор план по доаѓањето на Нејмар и Мбапе. Аргентинецот веќе побарал од раководството да замине во јануари, а „светците“ за неговата слобода бараат 40 милиони евра.

Втор на листата е Лукас Моура, кој е во полоша позиција од Ди Марија и за него веќе нема место во тимот, па ПСЖ е спремен да го продаде за „само“ 30 милиони евра, што е секако примамлива цена за многу клубови.

Третата ѕвезда на листата е Хавиер Пасторе, уште еден фудбалер кој во Париз е само „скапа“ резерва. Аргентинецот исто така сака да ја промени средината, а ПСЖ за него ќе се обиде да инкасира околу 30 милиони евра.

Покрај овие тројца отпишан е уште и Хатим Бен Арфа, кој може да замине без обештетување и веќе му е порачано да си бара нов клуб.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Клоп се пожали: Тоа што ни го прават не е нормално

Јирген Клоп како и неколку пати во текот на сезоната повторно се жалеше на густиот распоре…