
Арсен Венгер, поранешен менаџер на Арсенал и тековен началник за глобален развој на фудбалот на ФИФА, пред две години предложи значајна промена пред ИФАБ (Меѓународен борд на фудбалски асоцијации). Ова тело има улога да потврди секое ново фудбалско правило пред неговата имплементација. Покрај воведување нови правила, ИФАБ исто така ги дополнува постојните.
Првично, предлогот на Венгер беше архивиран, но сега повторно е претставен пред ИФАБ и има големи шанси да направи фундаментални промени во фудбалот, пренесува Ас под наслов „Недостижниот закон на Венгер. Фудбалската арена е во исчекување“. Овој предлог, наречен Закон на Венгер, има за цел да го унапреди фудбалот, особено во делот на правилото за офсајд. Ова е честа причина за контроверзии, посебно кога разликата меѓу одбранбениот и напаѓачкиот играч е едвај видлива со голо око.
Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст
За да се избегне поништување на голови поради невидливи детали, Венгер, голема фигура во фудбалот и ФИФА, го предложи овој револуционерен извештај кој може да го трансформира концептот на офсајд. Според неговиот предлог, офсајд нема да се прогласува ако само еден дел од телото на напаѓачот е понапред од противникот, туку само ако целото негово тело е пред одбранбениот играч.
Со примена на технологија како топки со вграден чип и камери на стадионите, ќе може точно да се определи моментот кога телото на напаѓачот навистина е пред одбранбениот играч. Позицијата ќе биде неправилна само ако има вистински јаз меѓу напаѓачот и oдбранбениот фудбалер..
Според поранешниот меѓународен судија Итурралде Гонзалес, кој зборуваше за ова во емисијата Carrusel Deportivo, измената на правилото за офсајд повторно е презентирана пред ИФАБ по две години одложување.
“Ќе се разгледува на годишниот состанок пред комисија од 23 играчи и 11 судии, со Венгер на чело. Ако предлогот биде примен, ќе биде проследен за општа расправа предвидена за февруари. Дури 95 проценти од предложениот материјал кој стигнува до тој состанок обично се одобрува”, појасни тој.
Новата примена на правилото би го зголемила бројот на голови и би ги намалила контроверзиите околу минималните офсајди. Сепак, фудбалскиот свет е поделено по ова прашање, бидејќи би се менувале одбранбените тактики и концепцијата на играта.