Дома Фудбал Повредите го натераа да се пензионира, но сега му се враќа на фудбалот како – тренер

Повредите го натераа да се пензионира, но сега му се враќа на фудбалот како – тренер

Поранешниот француски интернационалец и некогашен играч на Барселона, Самуел Умтити, никогаш не го достигна својот целосен потенцијал поради повредите кои му ја ограничуваа кариерата. Сепак, тој не сака целосно да се оддалечи од светот на фудбалот.

По завршувањето на професионалната играчка кариера, Умтити започна нов предизвик – да се пробие како тренер. Од почетокот на оваа недела тој собира искуство во Париз, каде што работи во Лига 1.

Неговата цел е да ги стекне сите потребни тренерски лиценци и еден ден да седне на клупата на некој тим. Со оглед на долгогодишното искуство како врвен играч, Умтити верува дека може да биде успешен и како стратег на теренот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Бонучи: Италија ќе ги напаѓа крилата на Франција

Леонардо Бонучи открива дека Италија ќе ги напаѓа крилата на Франција во Лигата на нации с…