
Еден од најдобрите фудбалери на сите времиња, славниот Французин Зинедин Зидан го создаде својот идеален фудбалер.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Тој тоа го направи избирајќи еден актуелен или поранешен играч за секоја карактеристика што би сакал да ја има во совршен играч.
Интересно е дека неговиот идеален фудбалер главно се состои од поранешни соиграчи, но и од играчи кои ги тренирал.
Поранешниот тренер на Реал го направи овој избор:
• Лева нога: Зидан • Десна нога: Зидан • Игра со глава: Зидан • Сила: Ибрахимовиќ • Дриблинг: Дел Пјеро • Голови/реализација: Роналдо или Кристијано Роналдо • Визија: Зидан • Удари од далечина: Лука Модриќ • Слободни удари: Дел Пјеро, Платини, Пирло • Дуел: Тирам • Лидерство: Тони Крос
Впечатливо е дека Зидан не го одбра Лео Меси за ниту една од карактеристиките, дури ни за левата нога.