Се повеќе и повеќе шпанските весници тврдат дека Кутињо во јануари ќе се пресели на „Камп Ноу“, додека од Ливерпул мудро молчат.
Кутињо сега се обрати на јавноста и откри дека потполно закрепнал од повредата и дека е подготвен да игра во пријателскиот натпревар против Англија. Потсетуваме, Бразилецот поради повреда не играше за Ливерпул изминатите три натпревари.
Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓
„Сега сум 100% подготвен. Бев повреден и пропуштив три натпревари, но сега се враќам и потполно сум подготвен за натпреварот. Секогаш ми е чест да го носам националниот дрес. Ќе ми биде и чест да играм на тој натпревар“, изјави 25-годишниот фудбалер.
„Играм во една од најдобрите лиги во светот. Среќен сум. Но, сега ми е важно да се концентрирам на репрезентацијата на Бразил. Во моментов сум задоволен од својот живот“, додаде Кутињо.