Дома Останати Ракомет Уште една „бомба“ од Охрид: Се засили со македонски репрезентативец!

Уште една „бомба“ од Охрид: Се засили со македонски репрезентативец!

Иако сезоната е веќе во полн ек, ракометниот клуб Охрид продолжува активно да го засилува составот. Денеска охриѓани го официјализираа најновото засилување – македонскиот репрезентативец Томислав Јагуриновски.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Станува збор за искусно десно крило кое по потреба може да игра и на позицијата десен бек. Јагуриновски последните две сезони настапуваше за Вардар, а летово направи интернационален трансфер во редовите на германскиот второлигаш Десау, каде што не се задржа долго. Во својата кариера има настапувано и за Металург, Работник, Пелистер, Пролет, како и за исландскиот клуб Акурејри.

Ракометарот беше дел од македонската јуниорска репрезентација на Светското првенство во 2017 година, а за сениорскиот национален тим досега има одиграно 11 натпревари, на кои постигна 16 погодоци.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Ракомет

Проверете

Чупиќ е во борба за тренер на сезоната во Лига Европа!

Хрватскиот стратег Иван Чупиќ има можност на одличен начин да ја заокружи својата дебитант…