
Ал-Хилал од Саудиска Арабија понуди 400 милиони евра како отштета за Ламин Јамал (18), но Барселона одлучи да не го продаде овој млад суперталент, објави шпанскиот портал Фичахес.
Барселона ја привлече и одби најголемата понуда во историјата на фудбалот, затоа што, како што тврдат, Јамал го гледаат како симбол на клубот во следните најмалку десет години.
Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст
Јамал во пролетта потпиша договор до 2031 година, со годишна плата од околу 10 милиони евра и бонус за потпишување договор од 25 милиони, кои ќе се исплатат во рок од шест години.
Шпанските медиуми додаваат дека понудата на Ал-Хилал дошла во момент кога Барселона се соочува со предизвици, по два последователни порази – од ПСЖ во Лигата на шампионите и од Севиља во Ла Лига.
👀 Ал Хилал, Ламин Јамал за Барселона понуди 400 милиони евра.
— TRT Spor (@trtspor) October 13, 2025
📰 (Фичахес) pic.twitter.com/znXLPDaJeP
Тренерот Ханси Флик наводно ги критикувал играчите за недостатокот на вложен труд на тренинзите и натпреварите, додека некои играчи, вклучувајќи го и Јамал, изразиле незадоволство поради слабата комуникација.
Јамал моментално се бори со воспаление на препоните, што го тргна од тимот за последниот натпревар на Ла Лига, како и од шпанската репрезентација која игра квалификации против Грузија и Бугарија.
Неговото учество во саботниот каталонски дерби против Жирона, исто така, е прашање, како и во Ел Класико одреден за 26-ти октомври.