Дома Фудбал Неверојатно: Полицијата упадна во соблекувална пред квалификациски меч за СП за да уапси фудбалер

Неверојатно: Полицијата упадна во соблекувална пред квалификациски меч за СП за да уапси фудбалер

Непосредно пред важниот квалификациски меч против репрезентацијата на Костарика, фудбалскиот состав на Никарагва се соочи со непријатна ситуација која ја вознемири јавноста.

Имено, полицијата се појавила на стадионот „Ла Сабана“ во Сан Хозе со налог за апсење на еден од фудбалерите на Никарагва, поради обвинение во врска со неплаќање алиментација.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Како што потврди Марлон Кубиљо, директорот на Јавната безбедност на Костарика, до апсење не дојде бидејќи износот на долгот веднаш беше подмирен.

Судски налог беше издаден од лицето кое бара алиментација, со кој се наредуваше апсење на еден член од никарагуанската делегација. Делегацијата беше известена, долгот беше уплатен и беше испратен извештај до судијата за семејни спорови – изјави Кубиљо за CRHoy.

Идентитетот на играчот кој беше предмет на потрага не е соопштен.

Сепак, целата ситуација предизвика огорченост во тимот на Никарагва, кој најави дека ќе поднесе жалба до надлежните фудбалски институции.

Во Костарика сме повеќе од 48 часа, па зашто доаѓаат баш во соблекувалната? Ќе поднесеме жалба до ФИФА и КОНКАКАФ. Срамно е што вакви работи се случуваат – изјави Хавиер Салинас, директорот на сите национални селекции на Никарагва, за Repretel.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Teлохранителот на Меси покажа и дека знае фудбал – постигна спектакуларен гол!

Јасин Чеуко, верниот заштитник на Лионел Меси, стана вистински хит на интернет откако пост…