Дома Фудбал Крај на приказната: Легендарниот Жозе Алдо ја заврши кариерата (Видео)

Крај на приказната: Легендарниот Жозе Алдо ја заврши кариерата (Видео)

Легендарниот борец Жозе Алдо повторно ги остави ракавиците. Еден од најголемите борци во историјата на УФЦ и долгогодишен владетел на перолесната категорија официјално ја заврши кариерата, и тоа на најемотивен можен начин, пред својата публика во Рио де Жанеиро.

За време на UFC Fight Night 261 приредбата, арената се распламте кога од звучниците заигра песната на Алдо, а тој се појави на влезот и се упати кон октагонот. Публиката стоеше на нозе додека Алдо полека ги соблече ракавиците и ги остави на средината на кафезот, знак дека дојде моментот да се збогува засекогаш со спортот.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Со солзи во очите, легендарниот Бразилец мавна на публиката, додека му се придружи семејството на средината на кафезот. Тоа беше момент полн со емоции за сите љубители на MMA низ целиот свет.

Алдо всушност по вторпат ја објави крајот на кариерата. Првпат се повлече во 2022 година, по поразот од Мераб Двалишвили, во борба која можела да го врати во трка за појасот. Сепак, по тој пораз реши да се повлече, иако сè уште беше под договор со УФЦ.

.
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Магваер подготвен да одбие импресивна понуда од Саудиска Арабија за да остане во Јунајтед

Дефанзивецот на Манчестер Јунајтед, Хари Магваер, е подготвен да одбие грандиозна понуда о…