Дома Фудбал Лудо: Остров од 150.000 жители чекор кон плсман на Светското првенство.!

Лудо: Остров од 150.000 жители чекор кон плсман на Светското првенство.!

Курасао, мало островче кое се наоѓа во јужниот дел на Карипското море, блиску до брегот на Венецуела, брои само 156.000 жители, но се наоѓа во одлична форма во тековните квалификации за Светскиот куп, држејќи го лидерското место во својата група од минатата ноќ.

Курасао ја дочека фаворизираната Јамајка на домашен терен и оствари значајна победа од 2:0, со што се искачи на врвот на табелата.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Триумфот го донесоа Ливано Комененција и Кенџи Горе со голови во 14-та и 68-ма минута од мечот, што резултираше со изненадувачка победа и втората победа во квалификациите за овој мал остров.

Курасао сега е на врвот со седум бодови, а Јамајка втора со шест и таа позиција води кон бараж. Во групата Б се и Тринидад и Тобаго и Бермудските Острови. Против овие две селекции Курасао ќе игра во следните два натпревари, а со Јамајка ќе се соочи како гостин во последното коло од квалификациите, каде што би можело да се одлучи кој ќе патува директно на Светскиот куп.

Курасао е тропски рај со уникатен спој на холандска колонијална архитектура, латино ритми и кристално чисто море. Иако формално не е независна држава, туку автономна територија во рамките на Кралството Холандија, Курасао има своја привлечност, култура и атмосфера што го прават посебен.

Од ова островче потекнуваат многу холандски фудбалери како Патрик Клајверт и Вирџил ван Дајк.

Во моментот, репрезентацијата на Курасао нема играчи со големи имиња, но неколкумина од нив играат во Европа. Армандо Обиспо е дел од ПСВ, Шуренди Самбо игра за Спарта од Ротердам, а Сонти Хансен е во редовите на англискиот Мидлсбро. Жунињо Бакуна е член на турскиот Газиантеп.

Standings provided by Sofascore
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

„Ти си големо го*но“: Мурињо му приреди пекол на еден фудбалер

Жозе Мурињо е тренер кој го обожаваат десетици играчи кои имале можност да работат со него…