Дома Фудбал Ужас: Фудбалер падна врз рекламите и си го скрши вратот (Видео)

Ужас: Фудбалер падна врз рекламите и си го скрши вратот (Видео)

Самјуел Асамоа (31), тоголески фудбалер, се наоѓа во критична состојба и се соочува со „висок ризик од параплегија“ по тешката несреќа со рекламните табли за време на натпреварот од второ ниво на кинескиот фудбал.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Асамоа играше за Гвангџи Пингво во мечот против Чонгкинг Тонглианлонг минатата недела, кога во дуел со противничкиот играч од средината на теренот Жанг Жиксионг, дојде до судир на рамениците. Како резултат на тоа, Асамоа со главата удри во таблите крај теренот и падна на тревата.

Медицинскиот тим бргу реагираше, а клубот во понеделникот соопшти дека фудбалерот претрпел повеќекратни фрактури на вратот и сериозни оштетувања на нервниот систем. Асамоа беше опериран и ќе ја пропушти остатокот од сезоната, а беше соопштено дека неговата кариера може да биде сериозно загрозена.

Во среда клубот издаде ново соопштение во кое се заблагодарува на навивачите и ветува дека јавноста ќе биде информирана за неговото закрепнување по понатамошни прегледи.

.
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Егзодус од Серија А: На „листата за отстрел“ има стотина фудбалери

  Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026! Еден месец пред почетокот на новата сезона и…