Дома Фудбал Цените на билетите за Светското првенство и до 10 пати поскапи отколку во Катар

Цените на билетите за Светското првенство и до 10 пати поскапи отколку во Катар

Сè уште не знаеме ни половина од 48 учесници на Светското првенство кое во 2026 година ќе се одржи во САД, Канада и Мексико. Остануваат уште два месеца до жрепката и никој нема поим кога и каде воопшто ќе играат. Но, билетите веќе се пуштени во продажба. Цените се прилично застрашувачки.

Првата фаза од продажбата на билети започна минатата среда. Традиционалната ФИФА лотарија беше отворена пред месец дена и за неа се пријавија дури 4.5 милиони луѓе кои, ако бидат извлечени, ќе имаат право на првенство при купувањето во наредните денови.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Распон на цените е многу голем. Од 100 долари за натпреварите во групната фаза до 6.730 долари за финалето. А зборуваме за првата фаза на продажба кога цените се најниски. Тие сигурно ќе се менуваат додека се приближува турнирот, а особено во одприлика кога ќе почнат и разни препродажби.

Посебно се продаваат влезници за првиот натпревар на турнирот и за церемонијата на отворање и тие можат да се купат за 560 долари за места во категорија 4 до 2.735 долари за категорија 1.

Билетите за натпреварите во групната фаза ќе чинат од 100 до 575 долари, а за осминафиналето од 220 до 890 долари.

За четвртфиналето нема да можете под 410 долари за местата во категорија 4 до 1.690 колку што се цените за категорија 1. За полуфиналето можете ако одвоите меѓу 455 и 2.780 долари.

Натпреварот за третото место е далеку поевтин од натпреварите полуфиналето – билетите се движат од 165 до 1.000 долари. Но, затоа за финалето не може под 2.030 долари па се до 6.370 за местата во категорија 1.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Нови проблем за Ливерпул, великаните го расипуваат договореното изненадување?

Марк Геј договори се со Ливерпул, но Кристал Палас му го стопираше трансферот во “пе…