Дома Фудбал Нови проблем за Ливерпул, великаните го расипуваат договореното изненадување?

Нови проблем за Ливерпул, великаните го расипуваат договореното изненадување?

Марк Геј договори се со Ливерпул, но Кристал Палас му го стопираше трансферот во “пет до дванаесет” и сега неговото доаѓање на “Енфилд” е неизвесно.

Сигурниот новинар Флоријан Плетенберг, денес откри дека Баерн Минхен започна конкретни чекори и дека Баварците се многу заинтересирани за неговиот потпис.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Тој вели дека спортскиот директор Макс Еберл е голем почитувач на англискиот стопер и дека веќе имал почетни разговори со неговите агенти. Но, многу зависи и од епилогот со Упамекано, кој исто така е во последната година од договорот со Баерн и засега има превисоки барања.

Исто така, Флоријан Плетенберг додава дека Англичанецот внимателно го следат и шпанските великани – Реал Мадрид и Барселона, и дека Геј нема ништо потпишано со Ливерпул.

Редсите се уште чекаат, веруваат дека Геј на крајот ќе го одржи својот збор и ќе потпише слободно за Ливерпул.

Геј е капитен на Кристал Палас, во последната година е од договорот и досега нема знаци дека ќе ја обнови соработката.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Цените на билетите за Светското првенство и до 10 пати поскапи отколку во Катар

Сè уште не знаеме ни половина од 48 учесници на Светското првенство кое во 2026 година ќе …