Дома Фудбал Бразилците во шок, ова никогаш не им се случило претходно: “Невидена срамота”

Бразилците во шок, ова никогаш не им се случило претходно: “Невидена срамота”

Бразил, која се смета за една од најфудбалските земји, и која секогаш била преполна со голем број на талентирани играчи, сега доживеа апсолутен шок.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


На турнирот во Чиле го сметаат за епохален пораз поради она што се случи. Имено, репрезентацијата на Бразил до 20 години испадна уште во групната фаза на Светското првенство. Прво одиграа 2:2 со Мексико, потоа неочекуван пораз од Мароко (1:2), за да со поразот од Шпанија (0:1) испаднат од турнирот.

И тоа навистина на катастрофален начин. Имаа само 13 удари во рамките на голот за време на целиот турнир. Нивната изведба немаше никаква поврзаност со познатата “joga bonito” по која оваа земја е позната во фудбалот.

Ова првенство се игра надвор од официјалниот распоред на ФИФА, за време на лигашката сезона. Поради тоа отсуствуваа најголемите ѕвезди, како Витор Реис од Манчестер Сити и Естевao од Челси. И покрај тоа, бразилските медиуми сè уште не престануваат да жалат. Сметаат дека нешто вакво е неподносливо, особено бидејќи бразилскиот фудбал, благо речено, не е на својот врв.

Глобo Еспорте пак го нарекува тоа “невидена срамота” и повикува на преиспитување на иднината на бразилскиот фудбал.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Судење за смртта на Марадона: Откриени нови детали

Повеќе од шест години по смртта на Диего Марадона, во судскиот процес што се води во Сан И…