
Алексис Санчез се најде на мета на навивачите на Барселона бидејќи го прослави голот на вчерашниот натпревар во Севилја против неговиот поранешен клуб, а сега објасни зошто го направи тоа.
Меѓутоа, најтешко за навивачите на каталонскиот клуб беше моментот од 13-тата минута кога Севилја постигна гол, а мрежата на Барселона ја затресе некогашниот напаѓач на тој тим Алексис Санчез.
Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст
Чилеанецот погоди од белата точка за 1:0, а она што најмногу им засмета на навивачите на Барселона е што го прослави голот против клубот во чии бои некогаш играл.
Алексис очигледно беше свесен што ќе следи и веднаш по завршувањето на натпреварот објасни зошто го прославил голот против Барса иако претходно изјавил дека нема да го направи тоа.
„Претходно најавив дека нема да славам ако постигнам гол против Барселона, но не можев да се воздржам. Возбудата и страста ме поттикнаа да го направам тоа. Сепак, длабоко во себе чувствувам голема љубов кон Барса”, изјави Алексис.
.Гол на Алексис Санчез од пенал, и морам да признаам дека беше најдобро изведен пенал што сум го видел од Копа Америка 2015. #Sevilla 1-0 #Barcelona 14’ pic.twitter.com/wFOkRXGKLe
— Хосе Игнасио (@jusepe10) October 5, 2025