Дома Фудбал Мајами му се поклони: Величествено испраќање на Бускетс во пензија (видео)

Мајами му се поклони: Величествено испраќање на Бускетс во пензија (видео)

Интер Мајами пред своите навивачи го победи Њу Ингланд Револушн со 4:1.

Со оваа победа, тие го разубавија прошталното збогување на Серхио Бускетс од активно играње фудбал. Познатиот шпански фудбалер најави во видео снимка дека ова е неговата последна МЛС сезона.

Клубот организираше прослава со шпалир на теренот.

Бускетс излезе со сопругата и децата. Интер пушти и видео снимка. Бускетс беа поздравени од поранешни тренери и соиграчи. И исто така од досегашните од екипата.

Бускетс ја завршува својата кариера со 36 трофеи играјќи за Барселона и клубот од Мајами. Вклучувајќи три Лиги на шампиони и по една титула европски и светски првак со Шпанија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Србија се бори за опстанок во Лигата на нации

Фудбалската репрезентација на Србија се соочува со клучен натпревар против Холандија во об…