Дома Фудбал Сè е лесно во Баерн Минхен: Компани испиша фудбалска историја

Сè е лесно во Баерн Минхен: Компани испиша фудбалска историја

Баерн Минхен вчера го победи Ајнтрахт Франкфурт со резултат од 3:0 и така испиша фудбалска историја.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


За Винсент Компани како играч не треба да се трошат многу зборови бидејќи на сите им е познато каков квалитет имаше.

Најпознат е по времето поминато во Манчестер Сити каде што долго време беше и капитен на тимот.

Играта кариера ја заврши во својата родна Белгија – во редовите на Андерлехт каде што ја започна и тренерската.

По успешната епизода во белгиската Јупилер Лига, го презеде тренерското место на англиската екипа – Барнли.

Во сезоната на неговото деби успеа со Барнли да ја освои Чемпионшип и да освои промоција во елитниот ранг на англискиот фудбал.

Во Премиер лигата не се прослави, а неговиот Барнли брзо се врати во Чемпионшип, но тоа не претставуваше пречка за тренерската кариера на Компани.

Заради стилот на игра што го негувал и кој е „убав за око“, тој си обезбеди работа во германскиот гигант – Баерн Минхен.

На почетокот на минатото лето се приклучи на клупата на баварскиот клуб и во сезоната на неговото деби веднаш ја освои Бундеслигата со само два порази во 34 натпревари.

Во новата сезона Баварците и Компани започнаа одлично, а со вчерашната победа против Ајнтрахт Франкфурт испишаа фудбалска историја.

Германскиот гигант вчера славеше со голови на Дијаз (два пати) и Кејн, со што ја запиша десеттата победа во десетте одиграни натпревари во новата сезона.

На овој начин станаа првиот тим во историјата на европските големи лиги на кои ова им успеа.

.
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Баерн не може да се натпреварува со Ливерпул за Баркола

Германскиот гигант Баерн Минхен внимателно ја следи состојбата околу напаѓачот на Пари Сен…