
Лука Модриќ (40) брзо ги освои срцата на фановите на Милан и ги натера италијанските медиуми да го слават. Хрватскиот играч од средниот ред со својата агилност и решенија на натпреварите стана лидер на Милан и еден од најдобрите во Серија А. Газета дело Спорт во текст со наслов “Како Милан го освежи Модриќ” пишува:
„Во дресот на Росонерите досега одигра 70 проценти од можните минути, додека минатата сезона во Реал беше на теренот помалку од 50 проценти. Што се крие зад новата младост на хрватската ѕвезда, која со 40 години тренира и игра со енергија на дваесетгодишник?
Од лозје до чаша: Уметноста на виното со Теодор Бојаџиев | Уште еден поткаст
Тоа што четириесеттите години се новите дваесетти сигурно го мисли Лука Модриќ. Но, не се само елеганцијата во неговите потези и додавања што ги сокриваат трагите на годините. Неговото тело сè уште го следи, а лекарските податоци го потврдуваат тоа: Лука сè уште има подвижност, издржливост и брзина на опоравување како на млад фудбалер.
Затоа неговиот квалитет тече природно; кај него се уште се зборува за мајсторство со топката, а не за прикривање на недостатоци. Модриќ нема потреба да крие брчки, затоа што фудбалското огледало (резултатите од тестовите на тренинзи и натпревари) покажуваат дека Лука уште е млад.
Ентузијазмот кој го одржува свеж го поттикнува со желба за успех, несопирлива глад која го спречува да се задоволи. Но постои и физички аспект на оваа приказна: Лука има среќа со генетиката, но и внимателно се грижи за своето тело. Пред и по тренингот со тимот, Модриќ има своја рутина за загревање и опоравување која му помага да ја одржи формата. Здравата исхрана и добрите навики му го продолжија траењето во спортот.
Договорот со Милан го поврзува со клубот до летото 2026, но постои и можност за продолжување за уште една година. Со оглед на моменталната ситуација, многу е веројатно дека таа опција ќе биде искористена. За тоа, секако, ќе разговараат Модриќ и клубот на крајот од сезоната.