
Синоќа одиграа својата втора натпреварувачка средба во групната фаза на Лигата на шампионите екипите на Барселона и Парис Сен-Жермен.
Иако Барселона имаше предност од 1:0, гостите од Париз успеаја да постигнат два гола до крајот на натпреварот, со што ја извојуваа победата на оваа средба.
Македонија се дави во ѓубре - решението го бараме во Данска
Во текот на натпреварот се случуваа некои моменти кои секако не припаѓаат на фудбалски терени, но навивачите на Барселона едноставно покажаа дека не простуваат „предавства“.
Имено, ни 25 години по трансферот и преминувањето во Реал Мадрид, навивачите на Барселона не му простија на Луис Фиго за тоа што го направи.
Тој синоќа се појави на стадионот за да го гледа натпреварот меѓу неговиот поранешен клуб и Парис Сен-Жермен, но не доби добредојде.
Фиго го гледаше натпреварот од ВИП ложата, но е големо прашање дали фаворизираше некој тим или го гледаше натпреварот неутрално.
Пред почетокот на натпреварот некогашниот голем фудбалер се појави во ВИП ложата и се беше во ред додека навивачите не го здогледаа таму.
Кога тоа се случи, навивачите одлучија јасно да му дадат до знаење дека не е добредојден и дека никогаш нема да му простат за “предавството” што го направи преминувајќи во Реал Мадрид.
Следуваа големи свирежи упатени кон Фиго, а потоа целиот глас запеа навредлива песна.
“Тој Португалец, ку**а”, одекнуваше на стадионот, а Фиго знаеше дека сето тоа е упатено токму кон него.