
Играчот од среден ред на Челси Алехандро Гарначо ги сподели своите мисли за периодот во Манчестер Јунајтед.
Тој го напушти клубот ова лето, бидејќи двете страни не се разделија во добри односи, а навивачите на “црвените ѓаволи” неодамна го покажаа своето незадоволство кон Аргентинецот.
Македонија се дави во ѓубре - решението го бараме во Данска
„Беше тежок период, тренинзи далеку од тимот, но не можам да кажам ништо лошо за мојот поранешен клуб. Само лоши моменти во мојот живот. Многу сум среќен што сега сум во Челси, што играм во Лигата на шампионите и што освојувам три поени. Кога си млад, сонуваш за натпревари од Лигата на шампионите. Сега сме тука и многу сум среќен“, рече Гарначо за TNT Sports.
Во сезоната 2025/26 Аргентинецот одигра четири натпревари за Челси во сите натпреварувања и не успеа да постигне гол.