
Денеска Вест Хем објави дека повеќе нема да соработува со досегашниот тренер Грејам Потер.
Со овој потег, англиските медиуми започнаа да шпекулираат дека главен кандидат за тренерската позиција може да биде Славен Билиќ. Се сметаше дека поранешниот селектор на Хрватска може да биде привремено решение до крајот на сезоната со својата карактеристична енергија која би му помогнала на Вест Хем да се ослободи од опасните зони.
ТОП 11 МАКЕДОНСКИ ЈАВНИ ЛИЧНОСТИ - *Football Edition*
Но, според познатиот новинар Фабрицио Романо, тоа нема да се случи. Според неговите информации, португалскиот стратег Нунo Еспирито Санто ќе биде новиот тренер на „Чеканите“.
Неговата последна позиција беше во Нотингем Форест, каде ги надмина сите очекувања. Го доведе тимот во Лига Европа, што беше одличен успех минатата сезона. За жал, поради несогласување со грчкиот сопственик, беше заменет на оваа позиција.
Сега се очекува Нунo да го започне новото поглавје со Вест Хем и да им помогне да избегнат испаѓање. Во клубот од Лондон се надеваат дека ќе може да ги повтори успесите што ги имаше со Форест и да ги врати во европскиот фудбал по двегодишна пауза.