Дома Фудбал Деко во Загреб можеби договорил „чудо од дете“ за Барселона!

Деко во Загреб можеби договорил „чудо од дете“ за Барселона!

Спортскиот директор на Барселона, Деко, вчера престојуваше во Загреб каде што го следеше натпреварот од Лигата на Европа помеѓу Динамо и Фенербахче, кој заврши со победа на домаќините од 3:1.

Познатиот Португалец ја искористи посетата за да оствари разговори околу потенцијалните засилувања за каталонскиот клуб во иднина.

ТОП 11 МАКЕДОНСКИ ЈАВНИ ЛИЧНОСТИ - *Football Edition*


Главната цел на неговата посета беа двајца исклучително талентирани тинејџери од редовите на загрепски Динамо, Бразилецот Рафаел Белинјо и Португалецот Кардосо Варела, кои имаат само 16 години.

Деко одржа состанок со Рафаел Белинјо, кој игра како офанзивен играч за врска. Тој се приклучи на Динамо во 2022 година од хрватскиот клуб НК Винодол, а порано играл за бразилскиот Васко да Гама.

Фамилијата на Белинјо веќе четири години живее во Хрватска, а младиот играч со својот талент и напредок во младинската школа на Динамо привлече внимание од европските големи клубови, вклучувајќи ја и Барселона.

Состаноците се одржаа во еден загрепски хотел, а самиот Белинјо објави слика на својот Инстаграм профил со Деко и неговиот татко, со што го потврди средбата.

Неговиот агент е Енди Бара, кој заступува познати имиња како Жоан Гарсија и Дани Олмо, поранешен бисер на Динамо кој исто така се изгради благодарение на клубот од Загреб.

Покрај Белинјо, Деко имаше интерес и за настапот на Португалецот Кардосо Варела, офанзивен лев играч кој одамна е означен како потенцијално засилување за Барселона во летото 2026 година. Иако Варела неодамна го продолжи договорот со Динамо до 2028 година, каталонците продолжуваат внимателно да го следат неговиот развој.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Барса со пресврт го победи Овиедо

Во натпревар од 6. коло на шпанската Ла Лига, Реал Овиедо ја пречека Барселона, која тешко…