
Речиси пет години поминаа по страшната несреќа за време на Големата награда на Бахреин, а сега Французинот Ромен Грожан (39) повторно ќе седне зад воланот на болид од Формула 1.
Да се потсетиме, Грожан во ноември 2020 година доживеа несреќа на патеката во Сахир. Неговиот болид удри во ограда со 225 километри на час, при што се располови и се запали. За среќа, Французинот успеа да излезе од болидот сам по 28 секунди. Задоби само полесни изгореници на рацете и глуждовите. Подоцна изјави дека мислел дека ќе умре, но пронашол сила и се извлекол од пожарот заради своите деца.
ТОП 11 МАКЕДОНСКИ ЈАВНИ ЛИЧНОСТИ - *Football Edition*
По несреќата, Грожан ги пропушти последните две трки во сезоната и повеќе не седна во Ф1 болид. Скоро пет години подоцна, Французинот се враќа во „најбрзиот циркус“. Во петок ќе тестира Haas VF-23 на патеката Мугело. „Навистина не можам да поверувам дека поминаа скоро пет години, но да се вратам и да го имам овој излет со мојот стар тим е навистина нешто посебно“, рече тој.
.