Дома Моторспорт Тркачко одело на Шумахер од 2000 е продадено за сума од која „боли глава“

Тркачко одело на Шумахер од 2000 е продадено за сума од која „боли глава“

Аукцијата се одржа за време на викендот на Големата награда на Италија, во специјалниот Шумахер Лаунџ простор на патеката Монца. Дел од приходите се насочени за хуманитарни цели преку “Keep Fighting Foundation” фондацијата.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Во текот на Големата награда на Италија, колекцијата на вредни предмети поврзани со Михаел Шумахер привлече големо внимание на колекционерите.

Највредниот експонат беше тркачкиот костим на Ферари од 2000 година.

Во таа сезона, Шумахер ја освои својата прва титула со Ферари.

Со тој успех, тој започна неверојатна серија од пет последователни шампионски титули, заклучно со седмата титула во 2004 година.

Костимот беше користен на Големата награда на Унгарија во 2000 година, а на аукцијата достигна импресивни 95.650 евра.

Значителен дел од приходите се насочени кон фондацијата Keep Fighting, која е поддржана од семејството на Шумахер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Моторспорт

Проверете

Стравична сцена: Погледнете го тешкиот пад на Марк Маркез во Франција! (Видео)

Во драматичен момент во претпоследниот круг на спринт трката на Ле Ман, Марк Маркез доживе…