
Фудбалерите на Шкендија славеа победа во последниот натпревар од шестото коло во Првата македонска фудбалска добивајќи го Работнички со 1-0.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Клучниот момент се случи во 67. минута, кога напаѓачот Фабрис Тамба успеа да ја затресе мрежата на домашните. Ситуацијата предизвика долга проверка во ВАР-собата, која траеше цели шест минути.
На крајот беше потврдено дека фудбалерот на тетовскиот тим бил во исправна позиција, па погодокот остана да важи.
Видовме и по некоја прилика на двете страни, но резултатот не се промени.