Дома Фудбал Регионот се смее на пеналот кој ВАР го потврди за Вардар! (Фото+Видео)

Регионот се смее на пеналот кој ВАР го потврди за Вардар! (Фото+Видео)

Натпреварот помеѓу Вардар и Работнички (3-1) го привлече вниманието на медиумите во регионот откако „црвено-црните“ во него добија сомнителен пенал.

Спорниот момент се случи во 41. минута, кога по центаршут на играч на Вардар, топката го удри фудбалерот на Работнички. Домашните веднаш побараа најстрога казна, а арбитерот без двоумење покажа на белата точка. Она што предизвика уште поголеми реакции беше фактот што и ВАР собата ја потврди одлуката, иако на снимката не се гледаше јасен прекршок.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Од пеналот, поранешниот играч на Црвена звезда, Давид Бабунски, израмни на 1-1, откако Работнички претходно водеше со голот на Имери уште во 7. минута. Во вториот дел, Работнички остана со играч помалку по исклучувањето на Демири во 54. минута, што Вардар вешто го искористи и со головите на Кастанеда и Мата стигна до конечни 3-1.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Габриел Жесус потпишува за гигантот од Серија А!

Како што пренесуваат бразилските и италијанските медиуми, напаѓачот на Арсенал, Габриел Же…