Дома Фудбал Видео Пеп среде дербито со Арсенал го грабна и бакна четвртиот судија

Видео Пеп среде дербито со Арсенал го грабна и бакна четвртиот судија

ПЕП ГВАРДИОЛА во еден момент од натпреварот меѓу Манчестер Сити и Арсенал, кој заврши нерешено, го изненади четвртиот судија Крег Павсон, кога го бакна за време на мечот од петтото коло на Премиер лигата. Сити поведе со 1:0 благодарение на голот на Ерлинг Халанд во деветтата минута на Емирејтс. Изгледаше дека тимот на Гвардиола е на пат кон победа како што се ближеше крајот на натпреварот.

Но, прочуениот тренер на Сити рано почна да слави, па го фати Павсон за лице и се обиде да го бакне. Судијата успеа да се оддалечи, но навивачите останаа зачудени од овој потег. Еден од нив напиша: „Дали навистина Пеп го бакна судијата?“ Друг додаде: „Што се случува?!“ Трет рече: „Дали Пеп се обидува да го бакне судијата?“

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Иронија на ситуацијата беше што токму тогаш Сити ја изгуби својата предност кога Габриел Мартинели израмни во судиското продолжение. Видео од оваа ситуација можете да ja видите ТУКА.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Манчестер Јунајтед подготвува 120 милиони евра за двајца играчи од средината на теренот

Манчестер Јунајтед е подготвен да издвои 120 милиони евра за трансфер на двајца играчи од …