Дома Фудбал Гвардиола: Стареам, пријатели мои

Гвардиола: Стареам, пријатели мои

АРСЕНАЛ и Манчестер Сити одиграа нерешено 1:1 во Лондон, во натпреварот од петтото коло на Премиер лигата. Ерлинг Халанд беше стрелец за Манчестер Сити, додека Габриел Мартинели постигна гол за Арсенал во судиското надополнување на второто полувреме. Манчестер Сити дојде до водство во деветтата минута. Натпреварот го прокоментира тренерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола.

„Разочаран сум од резултатот. Бевме извонредно силни. Минатата недела беше многу напорна зад нас. Интензивно е да се игра во ваков ритам. Противникот беше исклучително добар, така што резултатот на крајот е фер. Оваа екипа треба да созрева, имаме многу нови играчи, вклучувајќи и многу важната позиција на голманот. Ова е млад тим, никогаш немавме помлад состав. Треба да одиме чекор по чекор“, изјави тој.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Новинарите го прашаа зошто се решил да излезе со истите играчи како во претходниот натпревар. „Затоа што се разбудив вчера и си реков дека истиве ќе играат. Понекогаш se изненадувам самиот себе. Стареам, пријатели мои“, одговори шпанскиот тренер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Манчестер Јунајтед подготвува 120 милиони евра за двајца играчи од средината на теренот

Манчестер Јунајтед е подготвен да издвои 120 милиони евра за трансфер на двајца играчи од …