Дома Фудбал Ливерпул има 5/5, но тоа значи дека (не) освојува и титула?!

Ливерпул има 5/5, но тоа значи дека (не) освојува и титула?!

Фудбалерите на Ливерпул ја забележаа и петтата победа од почетокот на Премиер лигата, откако во дербито на „Мерсисајд“ го победија Евертон со резултат 2:1.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Интересно е дека Ливерпул е 14-тиот тим кој ја започнал сезоната со пет победи и максимални 15 бодови, но во претходните 13 пати само четири клуба на крајот ја освоиле титулата.

Со пет последователни победи на почетокот на шампионатот и подоцна до титулата стигнале – Манчестер Сити во сезоната 2023/24, Ливерпул 2019/20 и двапати Челси, 2006 и 2010 година. 

Токму Челси повеќепати успеал да започне со 5/5, дури четири пати, додека Ливерпул и Сити имале таков старт три пати. 

За да биде сè поинтересно, екипите што започнувале со пет победи, најчесто на крајот завршувале како – второпласирани! 

Тоа го постигнаа – Арсенал 2004/05 и 2022/23, Челси 2010/11, Јунајтед 2011/12 и Ливерпул 2018/19. 

Ливерпул не блеска на почетокот на сезоната и поголемиот дел од победите ги остварил во продолжението од натпреварот, но, велат дека така и се освојуваат титулите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Дали Трамп повторно ќе го прекрши долгогодишното правило на ФИФА?

Претседателот на САД, Доналд Трамп, планира да го наруши долгогодишното правило на ФИФА по…