Дома Моторспорт Хамилтон ги продаде сите автомобили – овие „машини“ ги имаше во гаражата

Хамилтон ги продаде сите автомобили – овие „машини“ ги имаше во гаражата

Седумкратниот светски шампион во Формула 1, Луис Хамилтон (40), ја изненади јавноста со откритието дека ја продал целата своја колекција на луксузни автомобили и дека пронашол нова страст – уметноста. Британецот пред Големата награда на Азербејџан во Баку зборуваше за својот нов хоби и промените во приватниот живот, а поводот беше прашањето дали би го купил најновиот Ферари F80.

– Нема повеќе ниеден автомобил. Сите ги продадов. Денеска многу повеќе ме заинтересира уметноста – рече Хамилтон. Сепак, посебно место во неговото срце зазема легендарниот Ферари F40, кој и натаму го смета за уметничко дело. За време на посетата на Маранело во јануари, беше фотографиран покрај F40 пред куќата на Енцо Ферари.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


Хамилтон призна дека сонува еден ден сам да дизајнира Ферари. “Сакам да изработам F44, базиран на F40, со вистинска мануална трансмисија. Тоа е проект на кој ќе работам следните години”, откри тој.

Неговата некогашна колекција беше импресивна, во гаражите во Монако и Лос Анџелес ги чуваше следниве: Пагани Зонда 760 LH, Мерцедес-AMG Project One, Мерцедес-AMG SLS Black Series, GT R и G63 6×6, Мајбах S600, Ферари LaFerrari, LaFerrari Aperta, Ферари 599 SA Aperta, Шелби Кобра 42 (1966), Форд Мустанг Шелби GT500 (1967), Мекларен P1, Мекларен F1 (1995), Мини Купер и Мерцедес EQC. Проценката е дека вредноста на овие 15 автомобили изнесуваше околу 13 милиони фунти (15,3 милиони евра).

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Моторспорт

Проверете

Ферстапен ја смета одбраната на титулата како невозможна мисија – Норис или Пјастри ќе стане шампион

Големата награда на Бразил на Интерлагос во Формула 1, се вози денес од 18 часот. Пол пози…