Дома Фудбал Бошко Ѓуровски се онесвести на комеморацијата на Миловановиќ

Бошко Ѓуровски се онесвести на комеморацијата на Миловановиќ

Бошко Ѓуровски се онесвести за време на говорот на комеморацијата за Дејан Миловановиќ, а првите информации за здравствената состојба на легендата на Црвена звезда се охрабрувачки.

Миловановиќ, поранешен капитен на Звезда и член на српската репрезентација, почина пред четири дена на 42-годишна возраст како последица на срцев удар на фудбалскиот терен, откако му се слоши за време на натпреварот помеѓу ветераните на Звездара и ПКБ, на кој постигна гол.

Ѓуровски се збогува со Миловановиќ со говор:

– Тој беше и останува симбол на Црвена Ѕвезда, тој беше идол на неговите соиграчи, играчи и навивачи кои дојдоа по него. Неговата љубов кон Звезда беше инспирирана од неговиот татко кој играше во познатата генерација и беше успешен во неа. Тој ги направи своите први чекори тука, играше за Звезда од самиот почеток – рече меѓу другото Ѓуровски.

Кога го заврши говорот, побара да му донесат вода. Откако се напи и го заврши говорот, се онесвести.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Манчестер Јунајтед во проблеми со младиот Џеј Џеј Габриел

Манчестер Јунајтед се соочува со компликации околу талентираниот Џеј Џеј Габриел, кој не с…