
По речиси две децении на врвно ниво, германскиот дефанзивец, светски првак од 2014 година, реши да ги „закачи копачките на клин“ на 37 години.
Поранешниот германски репрезентативец, Џером Боатенг, во емотивна порака на социјалните мрежи потврди дека ја завршува богатата кариера.
Кој ќе победи во Beer Pong - Лига на Шампиони
Боатенг имаше последен ангажман во Австрија, настапувајќи за ЛАСК, но остана без клуб во август.
Најголемиот дел од славата ја стекна во Бајерн од Минхен, каде што помина десет години. Во тој период стана симбол на одбраната на Баварците и освои импресивни девет титули во Бундеслигата.
Со Баерн двапати стигна до историскaта тројна круна, во 2013 и 2020 година. Неговиот врв е освојувањето на Светското првенство во Бразил во 2014 година.
Тогаш беше клучен дел од одбраната на германската репрезентација која стигна до светската титула.
Во финалето против Аргентина беше стартер и даде огромен придонес во освојувањето на трофејот.
За националниот тим запиша вкупно 76 настапи.
Пред доаѓањето во Минхен, Боатенг го помина во Херта и Хамбургер СВ.
Исто така, кратко го носеше дресот на Манчестер Сити, пред во 2011 година да потпише за Баерн.
По заминувањето од Минхен во 2021 година, играше за Лион.