Дома Фудбал Вака ќе изгледа „најдобриот стадион во Европа“ – ќе чини милијарда евра (Видео)

Вака ќе изгледа „најдобриот стадион во Европа“ – ќе чини милијарда евра (Видео)

Претседателот на Милан, Паоло Скарони (78) истакна дека Интер и Милан до 2031 година ќе добијат најдобар стадион во Европа на кој ќе бидат горди сите граѓани на Милано, објавија италијанските медиуми.

„На проектот за новиот стадион во градската населба Сан Сиро се работи долго време, вложени се многу средства и со сигурност ќе го оствариме замислениот цел. Милан и Интер ќе добијат најдобар стадион во Европа, на кој ќе бидат горди сите граѓани на Милано,” изјави Скарони, угледен претприемач кој за време на својата деловна кариера беше челник на италијанските енергетски компании Енел и Ени.

Кој ќе победи во Beer Pong - Лига на Шампиони


За предложениот дизајн на стадионот задолжена е компанијата „Популус“. Стадионот е дел од главниот план за ревитализација на клучната урбана зона во Милано во намена посветена на спортот и забавата. Општина Милано исто така одлучи да ја преуреди Сан Сиро во зона наменета исклучиво за пешаци со околу 110 илјади квадратни метри зелени површини (40 проценти од вкупната квадратура). Паркингот, кој моментално зафаќа 40% од целиот простор, ќе биде преместен во целосно подземен простор. Повеќето спортски и рекреативни содржини, внатрешни и надворешни, ќе бидат бесплатни или субвенционирани од градот.

Оваа недела ресорната комисија на Градскиот совет на Милано даде зелено светло за купување на земјиштето на кое се наоѓа стадионот “Џузепе Меаца”. За земјиштето, кое го вклучува и околниот простор околу стадионот, Интер и AC Милан ќе треба да платат 197 милиони евра. Проектот за новиот стадион има поддршка од градоначалникот на Милано Џузепе Сале, а целокупната процедура во Градскиот совет би требало да биде завршена до крајот на септември.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Милан заинтересиран за дефанзивецот на Удинезе

Милан се интересира за трансфер на дефанзивецот на Удинезе Томас Кристенсен, јавува “Гадзе…