Дома Фудбал Се појавува нова репрезентација: Чекаат дозвола од ФИФА и веднаш целат кон Мундијал!

Се појавува нова репрезентација: Чекаат дозвола од ФИФА и веднаш целат кон Мундијал!

Во моментов, во семејството на ФИФА се наоѓаат 211 репрезентации, од кои 210 се рангирани, додека Еритреја е без рејтинг поради суспензија која сè уште трае.

Овој број може значително да се зголеми бидејќи ФИФА има намера да додаде нови членки, повеќето од нив се островски репрезентации или прекуморски територии.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


Додека поголемиот дел од репрезентациите што се надеваат на членство во ФИФА се од аматерски ранг како Гренланд, Маршалските Острови и Микронезија, неколку од нив би можеле да донесат вистинска промена.

Во Гвадалуп се работи интензивно на нивното пристапување кон ФИФА, и се верува дека тоа ќе биде завршено до наредната година.

Гвадалуп е веќе дел од Concacaf зоната, учествува во Голд Куп и Лиги нации во својата област, но сè уште не е членка на ФИФА поради административни пречки како прекуморска територија на Франција. Последните информации велат дека тоа прашање наскоро ќе се реши.

Гвадалуп располага со многу фудбалери што играат во Европа, а дури и во младинските категории на Франција има играчи со потекло од овој остров, што значи дека би можеле да формираат солидна репрезентација.

Целосната приказна околу Гвадалуп може дополнително да се засили со учеството на легендарниот француски фудбалер Лилијан Тирам, кој е роден на овој остров. Ова отвора можности и за Маркус Тирам, кој има државјанство на Гвадалуп, иако тоа е сè уште несигурно.

Кога се говори за нивниот состав, треба да се истакне дека има играчи од најдобрите европски лиги.

Најголемата ѕвезда на репрезентацијата е Жером Русион, поранешен играч на Унион Берлин, тука е и Ентони Барон од Сервет, како и Маркус Коко од Клуж.

Фудбалскиот дрес на Гвадалуп го носи и Килиан Бевис од Раднички од Крагујевац, како и Матијас Фаетон од ЦСКА Софија.

Најскапиот фудбалер е Андреоу Гравион од италијанската Пескара, кој е проценет на 1,8 милиони евра. Вкупната вредност на тимот на Гвадалуп изнесува 9,8 милиони евра.

Меѓу играчите што би можеле да настапат за Гвадалуп се и таленти од Марсеј, Стразбур, Лил, Тулуз, Оксер, Каен, Антверп, Клуб Бриж, Цирих, Јанг Бојс, Нант, Лион, Монпеље…

Во Гвадалуп амбициите се големи, и тие веќе планираат да се квалификуваат за Светското првенство во 2030 година, со цел да направат успешен настап на таа сцена.

Се надеваат дека ќе формираат квалитетна репрезентација, а како ќе се одвива целата приказна, останува да видиме.

Секако, пред да се започнат било какви планови, потребна е согласност од ФИФА за прием, а според најновите информации од француските медиуми, тоа се очекува наскоро.

Фото: LIGUE GUADELOUPEENNE DE FOOTBALL

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Барселона како да е проколната, поради сцената од тренингот на Флик му падна „мрак на очи“

Утре Барселона ја очекува незгодно гостување во Виго кај Селта во натпревар од 12. коло на…