Дома Фудбал Бившиот играч на Јувентус и Баерн беше осуден на затвор во Бразил

Бившиот играч на Јувентус и Баерн беше осуден на затвор во Бразил

На поранешниот бразилски репрезентативец Даглас Кошта му била издадена наредба за апсење од 6-тиот семеен суд во Порто Алегре, јавува „Глобо“.

Причината за оваа судска одлука е дека 35-годишниот играч не исплатил долгови за алиментација во износ од околу 493 илјади бразилски реали (околу 80 илјади евра).

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Поради ова, Кошта треба да биде задржан од локалните власти и да одлежи казна затвор од 30 дена. Ова за Кошта е втора таква казна за истото дело, бидејќи претходната е од 2023 година.

Поради издадената наредба, од неговиот досегашен клуб Сидни ФК веднаш објавија раскинување на договорот со искусниот фудбалер. „Сидни ФК го прекина договорот со Даглас Кошта по заемна согласност, бидејќи крилото не може да патува до Австралија. Правни и лични проблеми во неговата татковина го спречуваат Бразилецот да ја напушти земјата“, стои во изјавата на австралискиот клуб. Во својата кариера напаѓачот ги носел дресовите на Гремио, Шахтьор (Донецк), Баерн (Минхен), Јувентус, Лос Анџелес Галакси и Флуминензе.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Де Лаурентис сака да го награди Конте со нов договор

Претседателот на Наполи Аурелио Де Лаурентис планира да му понуди нов договор на тренерот …