
Фудбалерите на Пелистер ја продолжија негативната серија резултати и денеска претрпеа нов тежок пораз. По дебаклот против Арсими во Битола, овојпат „зелено-белите“ загубија во Скопје од Работнички со убедливи 0-3.
Скопјани поведоа по половина час игра преку Кадриу, кој реализираше по прецизна топка во празен простор. До крајот на првото полувреме, новото засилување на Работнички, Димитар Трајков, се запиша во листата на стрелци и ја зголеми предноста на 2-0.
Кој ќе победи во Beer Pong - Лига на Шампиони
Во второто полувреме Работнички играше зрело и дисциплинирано, не дозволувајќи му на Пелистер сериозно да се закани. Конечните 3-0 ги постави Кадриу со својот втор погодок на натпреварот, откако повторно токму Трајков беше асистент.
Во истиот термин се одигра и дуелот меѓу Арсими и Вардар во Гостивар. По изненадувачката победа над Пелистер, Арсими доживеа тежок пораз на домашен терен од скопјани со 1-4. Главна фигура на натпреварот беше Роџерс Мато, кој постигна хет-трик и го предводеше Вардар до триумфот. Дополнителен удар за домаќините беше исклучувањето на Филип Најдовски по час игра.
Фото: ФК Работнички