Дома Фудбал ФИФА ранг листата има нов лидер, Македонија забележа пад!

ФИФА ранг листата има нов лидер, Македонија забележа пад!

Светската фудбалска федерација (ФИФА) денеска ја објави најновата ранг-листа, на која Македонија бележи пад за едно место.

Во септемврискиот циклус избраниците на Благоја Милевски одиграа два меча – квалификацискиот против Лихтенштајн во Скопје, каде што славеа убедливо со 5-0, и контролниот натпревар со Саудиска Арабија во Прага, кој заврши со пораз од 2-1. Тој неуспех во пријателскиот дуел беше доволен Македонија да се спушти за една позиција, па моментално се наоѓаме на 63. место. Пред нас е селекцијата на Јордан, која успеа да напредува за две позиции.

Кој ќе победи во Beer Pong - Лига на Шампиони


На врвот на светското рангирање има промена – Шпанија сега е лидер со 1875 поени, зад неа е Франција, додека Аргентина, која до минатиот месец беше прва, сега е трета.

Во најдобрите десет уште се Англија, Португалија, Бразил, Холандија, Белгија, Хрватска и Италија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Потврдена е казната на Дин Хаусен

Апелационата комисија на Шпанската фудбалска федерација денес ја потврди одлуката на Дисци…